ЛК: Шкендија повторно на мегдан со тим од Островот, а Шелбурн по 25 години повторно на Арената во Скопје!

86

Шкендија вечерва од 18:45 часот ќе го одигра својот втор меч од годинашната групна или лигашка фаза во Лига на Конференции. Противник е тимот на Шелбурн од Р. Ирска.

Ова ќе биде 63 европски меч за Шкендија, досега има 22 победи, 11 ремија и 29 порази.

И кога сме кај традицијата, ова ќе биде уште еден дуел на тетовските “црвено – црни“ со екипи од Островот.

Во 2012 година во 1.квалификациско коло во Лигата на Европа, Портдаун (С. Ирска) беше подобар со вкупни 1:2.

Во 2015 година во првиот европски двомеч откако “Еколог“ ја презеде Шкендија, тетовци во 1.квалификациско коло во Лигата на Европа беа несреќно елиминирани од Абердин со две ремија, но со примен гол дома (1:1 и 0:0).

Во 2018 година во 1.квалификациско коло во ЛШ, Шкендија дома го победи ТНС (Велс) со 5:0, а на гости загуби со 4:0 и отиде натаму.

Во 2020 година, во “корона сезона“ во 3.квалификациско коло Лигата на Европа, тимот на Тотенхем (Англија) предвоен од Жозе Мурињо славеше во Скопје со 1:3.

Во 2023 година, Шкендија во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, беше елиминирана од Хаверфордвест (Велс) и тоа на пенали (1:0 и 0:1).

Последен пат со тим од Островот нашиот шампион играше ова лето и во 1.квалификациско коло во ЛШ повторно против ТНС (Велс). Во Скопје беше 2:1 а во Велс 0:0, и затоа Шкендија имаше одличен европски настап кој ќе трае најмалку до крајот на оваа година.

Кога сме кај Шелбурн (Р. Ирска), да кажеме дека пред 25 години, гостуваше на Арената во Скопје, во меч од 1.квалификациско коло во ЛШ против Слога Југомагнат. Беше 1:1, а на свој терен славеше со 1:0 се пласира во следната фаза.

Младинците на Шелбурн ова лето во Младинската лига на Шампионите, успеаја да го декласираат Работнички со вкупни 12:1, затоа Шкендија нека внимава вечерва. Шелбурн како клуб мора да се почитува и респектира.

ПретходноНБА ѕвездата Батлер е нов кошаркар на Црвена звезда
СледноНови проблеми за Слот: Се повредија Фримпонг и Исак