Огромен скандал ја тресе НБА: Чонси Билапс уапсен поради нелегално обложување во акција на ФБИ

61

Тежок скандал ја тресе НБА лигата на самиот старт од новата сезона. Бекот на Мајами Хит, Тери Розие е уапсен утринава во рамките на големата ФБИ акција поради обложување, јавува ESPN.

Директорот на ФБИ, Кеш Пател на официјална прес конференција го објави апсењето како и најави нови риведувања.

Розие е уапсен во хотел во Орландо, Флорида. Мајами загуби токму од Орландо, а Розие не играше поради одлука на стручниот штаб.

Како што јавува ESPN, голем број на обложувалници јавиле сомнителни облози пред стартот на мечот токму на статистиката на Розие, од 2023 година. Помеѓу Шарлот и Њу Орлеанс. Поточно, дури триесет поединечни обложивања за само 46 минути со вкушна сума од 13.759 долари. Во тој момент облозите биле дека Розие нема да постигне доволно поени скокови и асистенции, по што обложувалниците ги блокирале облозите на негово име. Розие, во тој момент играч на Хорнетси играл само десетина минути на тој меч, а потоа пријавил повреда.

Неговиот адвокат Џим Расти, претходно за ESPN изјави дека од 2023 година наваму Розие на неколку пати имал разговори и со челниците на НБА, но и со агенти на ФБИ, но дека акцијата која што се водела стигнала до заклучок дека тој не сторил ништо лошо, барем се досега. НБА исто така излезе со соопштение тогаш дека нема случај кога е во прашање Розие.

Тој пак ја игра последната година од четиригодишниот дил вреде 96 милиони долари. Истиот беше потпишан за Хорнетс во 2021, но потоа тој беше трејдуван во Мајами.

Да биде скандалот уште поголем, во моментов тренерот на Портланд, легендарниот Чонси Билапс исто така е уапсен, но детали околу неговото приведување сеуште се чекаат, освен она дека евентуалните обвиненија за Билапс, не се однесуваат на обложување на мечеви на кои учевствувал тој.

 

ПретходноИ тоа го има во САД: На Лендон Донован му „залепија“ перика во живо (ВИДЕО)
СледноАБА ја призна вината: МЗТ е оштетен на дуелот синоќа против Сутјеска