Победа вредна 400.000 евра, со овие три бода Шкендија ја спаси домашната лига!

2065

И дефинитивно БРАВО Шкендија. Голема победа на шампионот во 2.коло во Лигата на Конференции и тоа со 1:0 и тоа против незгодниот и квалитетен тим на Шелбурн.

Тетовци уште еднаш покажаа дека знаат како се игра во Европа. Мудро, паметно, да се користи секоја шанса.

Така беше и вечерва.

Инаку оваа прва историска победа на некој наш клуб во групната или лигашка фаза во едно европско натпреварување на тетовци ќе им донесе нови 400.000 евра што секако не е за потценување.

Поважно е што Шкендија со оваа победа ја спаси и домашната лига. Сега коефициентот е пред оној на Црна Гора, па така во сезоната 2027-28 Македонија повторно ќе има четири претставници во Европа, додека наредната сезона ќе имасамо три.

ПретходноЛига Конференции: Шкендија со историска победа! (ФОТО)
СледноЛЕ: Ренџерс и Миовски со убедлив пораз, Брага ја “реши“ Ц. Звезда!