По само 13.минути игра беше прекинат мечот во Ријека во Лигата на Конференции каде се среќаваат истоимената домашна екипа и Спарта Прага. Причината е силното невреме проследено со силен дожд. На официјалните лица не им остана ништо друго освен да го прекинат.
Мечот според информациите тешко е да се доигра вечерва, а има неколку опции. Можно е да се презакаже за утре или пак да се игра во некој друг термин.