Неверојатниот Виктор Вембањама ја отвори сезоната со 40 поени и 15 скока без ниту една изгубена топка, во настап исполнет со огромен број фантастични движења и со реализација на шут од игра, 15/21. Тоа го направи за само 29 минути на теренот, откако пропушти добар дел од минатата сезона поради повреда. На крјаот неговиот Сан Антонио дојде до победа од 125:92 над Далас, со што го расипа дебито на Купер Флег, кој стана вториот најмлад стартер во НБА и го заврши првиот натпревар со 10 поени и 10 скока.
Вембањама, како што се очекуваше, постави и рекорд за Спарс на отворањето на сезоната, доминирајќи во рекетот и собирајќи три блокади, неколку одлични забивања и поени. Стефон Касл го следеше Французинот со 22 поени, седум скока и шест асистенции, додека Ентони Дејвис беше најдобар кај Далас со 22 поени и 13 скока.
Историјата беше испишана во Бостон. Филаделфија ги победи Селтикс на стартот на сезоната, а ВЈ Еџкомб постигна 34 поени за Селтикси во своето деби. Човекот од Бахамите, инаку трет пик на драфтот, испиша историја, првиот играч од 1959 година по големиот Вилт Чемберлен, кој бил толку ефикасен во своето деби. Џоел Ембиид се појави за првпат од февруари и заврши со четири поени.
Њујорк Никс го добија воведното дерби со Кливленд во меч во кој Ануноби беше одличен со 24 поени и 14 скока, Бренсон додаде 23, а Таунс имаше 19 поени и 11 скока.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Бруклин 136:117
Њујорк – Кливленд 119:111
Орландо – Мајами 125:121
Атланта – Торонто 118:138
Бостон – Филаделфија 116:117
Чикаго – Детроит 115:111
Мемфис – Њу Орлеанс 129:122
Милвоки – Вашингтон 133:120
Јута – ЛА Клиперс 129:108
Далас – Сан Антонио 92:125
Феникс – Сакраменто 120:116
Портланд – Минесота 114:118