Апетитите пораснаа: Шкендија во нокаут-фазата во ЛК? Не е невозможно!

385

Вчера Шкендија со победата над Шелбурн од 1:0, со гол во 90+2.миута, испиша историја. И не само клупска туку и историја на мак – фудбалот. Ова е прва победа на некој наш клуб во групната или лигашка фаза во едно европско натпреварување.

Шкендија вчера одигра мудар меч, тактички речиси перфектен. Покажа уште еднаш дека пласманот во лигашката фаза во Лигата Конференции никако не е случајност.

По ова апетитите како да пораснаа, па така во јавноста веќе се прават математики како и дали Шкендија може да дојде до следната фаза, а тоа а пласман во плеј-офот или нокаут – фазата во Лигата на Конференции. Посебно ако се знае дека по 2.коло нашиот шампион се наоѓа на 19.место на табелата со 3 бода. Место кое води во 1/16 финалето.A table displaying UEFA Conference League group stage standings with columns for position, team names like Fiorentina, AEK Larnaca, Lausanne-Sport, and others, matches played, wins, draws, losses, and points, divided into sections for league phase, knockout playoffs, and elimination, featuring team logos and flags at the top.

Да потсетиме. Оние екипи кои ќе завршат од 1 до 8 место на табелата одат директно во 1/8 финалето, додека оние кои ќе завршат од 9 до 24 место ќе играат во нокаут – фазата или плеј – офот за пласман во осминафиналето.

Секако дека по само две кола тешко е да се прогнозира, има уште четири кола до крајот ама никој на Шкендија не може да и го одземе правото да сонува следна фаза, односно пласман во нокаут – фазата или 1/16 финалето. Секако дека тоа би бил фантастичен успех за тетовските „црвено – црни“, но и за мак-фудбалот воопшто.

Реално со 9-10 бода Шкендија сигурно би се нашла меѓу оние екипи кои одат натаму.

Се чини за вакво нешто пресудни ќе бидат следните два меча, и тоа со Јагелонија дома и со Дрита на гости. Натпревари на кои Шкендија, ако одигра како што знае, би можела да дојде до 4 бода.

И тогаш се е можно, иако во последните две кола има супер тешки мечеви, со Слован Братислава дома и со АЕК Ларнака на гости.

Шкендија во нокаут – фазата во ЛК? Не е невозможно!

Еве го распоредот на Шкендија до крајот:

3.коло (6 ноември):ШКЕНДИЈА – Јагелонија

4.коло (27 ноември):Дрита – ШКЕНДИЈА

5.коло (11 декември):ШКЕНДИЈА – Слован Братислава

6.коло (18 декември): АЕК Ларнака – ШКЕНДИЈА

ПретходноГРК Охрид го декласира Куманово!
СледноТиквеш остана без тренер: Ѓорѓи Мојсов си поднесе оставка!