Арсими со невиден пресврт во Кавадарци и триумф над Тиквеш (ВИДЕО)

242

Ретко виден за наши македонски услови пресврт се случи денеска во Кавадарци на дуелот помеѓу Тиквеш и Арсими во рамките од десеттото коло од домашниот ПМФЛ шампионат.

Домаќинот Тиквеш имаше водство од 3:1, во 84. минута, а потоа гостите направија невиден пресврт и на крајот победија со 3:4. „Лудилото“ го започна Шефит Шефити кој што најпрво погоди во 84, па 87. минута со што забележа и хет трик, за да на крајот Таипи во судиското продолжение реализира за комплетен пресврт.

Најпрво во 38. минута, кога по одличното двојно проигрување со Даниел Миловановиќ прецизно пласираше во долниот десен голманов агол.

Само три минути подоцна, на асистенција на Ивановски, Садик беше највисок во скокот во петерецот на Арсими. Топката најпрво удри во гредата, а потоа влезе во голот. Иако Вулнет Ислами успеа да реагира и да ја извади топката од голот сепак, таа веќе ја мина замислената гол линија и тоа беше двојно водство за домаќинот.

На стартот на вториот дел, гостите ја направија оваа средба интересна. На употреблив центаршут, Шефит Шефити во 48. минута намалува на 2:1. Сепак, надежта за поволен резултат на Арсими траеше доста кратко, затоа што Иван Ивановски во 54. минута од мечот погодува за 3:1.

Она што потоа следуваше на овој меч е за аналите на мак фудбалот. Три гола во помалку од десет минути на Арсими. Шефит Шефити реализираше хет трик, а Таипи во последните секунди од мечот му донесе на гостинот веројатно највреден триумф во неговата историја.

http://youtube.com/watch?feature=shared&v=o_wB7tnHEaI

 

ПретходноРусија не победи во Струмица со 0:2
СледноБашкими на рутина до уште еден домашен триумф