Тимот на Башкими од Куманово очигледно дека сезонава, и тоа како ќе претставува проблем за сите ривали особено кога игра пред своите симпатизери.
Денеска кумановци, во рамките од десеттото коло од домашниот ПМФЛ шампионат, го совладаа Шкупи со 4:1, и на тој начин стигнаа до петтото место на табелата со веќе 18. бодови.
По само десет минути игра за водство на Башкими реализираше сезонава одличниот Филип Алексовски.
За 2:0 се чекаше до 26. минута кога искусниот Марко Симоновски реализира за двојно водство, а мирот во домашните редови го пореметија гостите кои намалија на 2:1 во 40. минута.
Сепак, тоа беше само за момент, затоа што во судиското продолжение, Аворнјо носи 3:1.
Во 54. минута Недим Хаџиќ зголемува на 4:1, што беше и конечен резултат на овој дуел.















