Повредата на бразилскиот напаѓач во редовите на Барселона, Рафиња се покажа како посериозна од очекуваното.
Крилниот напаѓач на Барселона ќе отсуствува од терените околу еден месец поради повторна повреда на тетивата, објави „Атлетик“.
Претходно беше објавено дека Бразилецот ќе го пропушти натпреварот против Реал Мадрид оваа недела. Рафиња е надвор од терените поради повреда од 25 септември.










