ГРК Охрид го декласира Куманово!

42
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

Попладнево во Охрид, во првиот меч од 9.коло во ракометната Суперлига, тимот на ГРК Охрид со 37:17 успеа и тоа како убедливо да го победи составот на Куманово.

Гладијаторите“ во целостја оправдаа улогата на фаворити и просто го прегазија гостинот со неверојатни +20 голови разлика.

Ова беше шеста победа на ГРК Охрид сезонава, додека за кумановци ова беше осмиот пораз.

Уште на почетокот се виде дека ГРК Охрид нема да има никакви проблеми на овој меч да дојде до победа. На средина од првиот дел имаше 10:2 и тука се чини дека се “скрши“ победникот на оваа средба, посебно ако се знае дека на пауза се замина со резултат 15:4.

Во второто полувреме кумановци и дефинитивно се предадоа, немаа сила да дојдат до барем пристоен пораз.

Па така ГРК Охрид иако комбинираше со составот, дојде до убедливи +20 голови разлика на крајот.

Најефикасни беа Ѓукиќ и Лиапис со по седум голови, Савревски петпати се запиша во листата на стрелците, додека кај гостите Цековски постигна шест голови.

ПретходноУО на ФФМ ги одреди цените на влезниците за претстојните репрезентативни натпревари!
СледноАпетитите пораснаа: Шкендија во нокаут-фазата во ЛК? Не е невозможно!