Започна продажбата на билети за натпреварот Велс – Македонија

78
ФОТО: FFM.MK

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги информира навивачите дека започна продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026, кој ќе се одигра на 18. ноември во Кардиф, меѓу репрезентациите на Велс и Македонија.

За македонските навивачи според правилата на УЕФА се издвоени близу 1500 билети во секторот од стадионот наменет за гостински навивачи. Цената на влезница, утврдена од Фудбалската асоцијација на Велс, изнесува 2800,00 денари.

Купувањето на билетите ќе се одвива преку официјалната платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk.

Целата постапка за начинот на купување и добивање на билетите за натпреварот Велс – Македонија е објаснета на линкот во продолжение. Истиот, можете да го преземете и на платформата на ФФМ за продажба на билети.

FAW-Tickets-Portal-Guide.pdf

ПретходноБашкими на рутина до уште еден домашен триумф
СледноШто ќе каже Меси на ова: Пеп изјави дека играч на Сити бил најталентираниот кој некогаш го видел!