Каков кикс на МЗТ Скопје: Судиите го избркаа Двојаковски после пет минути игра (ВИДЕО)

441

МЗТ Скопје покажа голема непрофесионалност на мечот против Ангели во рамките на третото коло во Првата лига. За еден актуелен првак не е дозволиво да нема увид во листата на играчи за натпревар, во овој случајов против Ангели.

Оливер Двојаковски не беше пријавен во листата на играчи за денешната средба, а од записничката маса тоа го приметија после пет минути игра, па мечот веднаш беше запрен, а кошаркарот на МЗТ Скопје беше отстранет од терен, секако не по своја вина.

Се чини од толку „професионалци“ во тимот, денеска не се најде ниту еден да провери кој треба да игра и да биде пријавен или во предвод кажано – основа во кошарката.

ПретходноНа “Бернабеу“ ќе врие во недела: “Кралевите“ гневни по изјавите на Јамал!
СледноМакедонија со по две места во Европската лига и ЕХФ Купот во женска конкуренција