Македонија и следната сезона нема да има место во Лигата на шампионите во женска конкуренција. Според објавата на Европската ракометна федерација и најновата ранг листата во женските европски купови, во Европската лига Македонија напредуваше за три места и сега е на 16 место на ранкингот на ЕХФ. Тоа, пак, значи дека следната сезона место досегашното едно, сега ќе имаме две места во ЕХФ Европската лига.
Во ЕХФ Европскиот Куп, Македонија има пад од едно место и сега ќе стартува од седмата позиција. Следната сезона ќе можеме да пријавиме и две екипи во ова натпреварување.










