МЗТ Скопје лесно против Ангели за „три од три“

24

МЗТ Скопје дојде до третата победа во низа оваа сезона, откако го совлада Ангели со 55-78. Актуелниот македонски првак ја оправда улогата на фаворит против повратникот во Првата лига.

„Сино-белите„ во првата четвртина поведоа со 12-26, додека на одморот замина со позитива од 29-44. Уште една добра четвртина беше доволна за да гостите потврдат дека ќе дојдат до нов триумф.

Во составот на МЗТ Скопје не беше капитенот, Дамјан Стојановски, неговата улога ја превзема Бојан Крстевски.

Мекеден со 15 поени беше прв стрелец кај победникот каде по 12 поени запишаа Магдевски и Гил. На другата страна Ибраими, Балов и Атанасов имаа по девет поени.

За Ангели ова беше трет пораз сезонава, првата радост ќе ја бара во следното коло против Куманово, додека пак МЗТ Скопје го чека уште едно гостување против Гостивар.

ПретходноПо бламажата во Португалија: Терзиќ брутално ги казни играчите на ФК Црвена Звезда!
СледноОфицијално: Тиквеш ја прифати оставката на Мојсов и му се заблагодари на досегашната работа!