На “Бернабеу“ ќе врие во недела: “Кралевите“ гневни по изјавите на Јамал!

150
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Фудбалскиот свет со нетрпение го очекува најновото „Ел Класико“. Во недела од 16:15 часот секако дека „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде преполн, а милиони ако не и милијарда фанови покрај ТВ екраните ќе навиваат за Реал Мадрид или Барселона.

Факт е дека ова е најголемиот клупски натпревар во светот и тука нема дилеми.

И кога е така, а така е, тогаш јасно е дека, како и секогаш, атмосферата пред „Ел Класико“ зоврива, а посебно ако некој, како Ламине Јамал, изјави нешто што ќе го “боцне“ вечниот ривал.

А младата мега – ѕвезда на Барса не само што го “боцна“ Реал туку и го понижи.

Па така “Марка, а кој друг, пренесува дека во таборот на “Кралевите“ владее голем гнев кон Јамал. Соблекувалната на Реал Мадрид била шокирана и вознемирана, ама тоа било добро за нив, барем според “Марка“ зошто поголем мотив за победа над Барса не можеле да добијат играчите на Реал Мадрид.

Од друга страна јасно е дека на “Бернабеу“ во недела попладне ќе врие. Можеме само да претпоставиме каков дочек тие на Јамал ќе му приредат.

ПретходноХаџиевски и внукот Стојановски повторно слават победа (ВИДЕО)
СледноКаков кикс на МЗТ Скопје: Судиите го избркаа Двојаковски после пет минути игра (ВИДЕО)