По ексклузивната информација на “СпортСпорт“, дека Ѓорѓи Мојсов не е веќе тренер на Тиквеш, предмалку се огласи и раководството на кавадаречкиот прволигаш.
Во него стои дека Тиквеш ја прифати оставкатана Мојсов и на него и неговите први соработници им се заблагодарува на досегашниот ангажман:
„После денешниот пораз, управата на клубот ја прифати оставката на стручниот штаб предводен од тренерот Ѓорѓи Мојсов, помошниот тренер Христијан Кировски и кондициониот тренер Трајче Орешков, како резултат на неочекувано слабите резултати оваа сезона.
Им се заблагодаруваме за долгогодишниот ангажман во ГФК ТИКВЕШ, особено на Мојсов и Орешков со кои клубот го постигна историскиот успех и му посакуваме успех во нивните кариери.
ГФК ТИКВЕШ е во преговори за ангажман на нов стручен штаб кој ќе го предводи клубот во иднина“ стои во соопштението на Тиквеш.















