Пелистер после две продолженија го „урна“ Маџари

37

Пелистер и Маџари одиграа доста интересен натпревар. Дебитантот во прволигашкото друштво повторно испрати порака дека сезонава ќе биде голем проблем за фаворитите доколку се обидат да го потценат. Избраниците на Миодраг Тодоровиќ беа близу до изнендаување и против актуелниот првак, МЗТ Скопје и против Куманово, двата тима дојдоа до победа во самиот финиш.

Победникот на ова средба се решаваше после две продолженија, а победата остана во Битола (101-90) за трет триумф во низа за Пелистер, а трет пораз за Маџари.

Маџари беше на чекор до сензација, го делеа минути, „падна“ во второто продолжение.

Во последната четвртина на семафорот долго време стоеја 67-71 за гостите. Стајиќ доближи на 70-71, но на другата стрна следеше одговор од Луканоски за 70-73 на две минути до крајот. Митревски со два поени израмни на 75-75 и први дополнителни пет минути во кои Пелистер повторно се спаси, овој пат со слбодните фрлања на Дејвис за 85-85.

Во второто продолжение, домаќинот отвори со 7-0 за 92-85, водство кое се покажа како доволно за еден искусен тим како што е Пелистер.

Вреди да се напомене дека Маџари во третата четвртина водеше со двоцифрени 40-50, а најголемата предност ја имаше во втората четвртина кога дојде на плус 14 (28-42). Мечот го отвори со 0-8, водеше и со 5-15.

ПретходноМакедонија со по две места во Европската лига и ЕХФ Купот во женска конкуренција
СледноГолгетерот на Барса уште еден месец во „аут“