Македонскиот клупски фудбал со синоќешната победа на шампионот Шкендија, во рамките од второто коло од групната фаза во Лигата на Конференциите, направи скок од четири места на УЕФА листата на шампионатите во Европа.
Од досегашното 51. место се искачивме на 47. со новите 2.5000 бодови освоени поради триумфот на нашиот првак против тимот не Шелбурн од Ирска, со минимални 1:0.
Со тоа, покрај бенефитот на Шкендија и мак фудбалот добива поени со кој што сега сме на котата, 6.916.
Да потсетиме, ова е премиерна победа на еден македонски фудбалски клуб во групната фаза на едно елитно европско фудбалско натпреварување. На Шкендија тоа и појде од рака во само вториот обид, откако во првото коло од годинешната Лига на Конференции загуби кај шпанскиот Рајо Ваљекано.
Од друга страна само за потсетување, претходно, досега единствениот наш претставник во групните фази, тимот на Вардар во 2017 година во групите од Лигата на Европа совои бод во дуелот против норвешки Роземборг.
Оваа победа секако на Шкендија исто и донесе и личен клупски рејтинг како и 400.000 евра на контото.











