Полувреме ПМФЛ: Садик за двојно водство на Тиквеш, голови има и во Куманово

98

Денеска во терминот од 14:30 часот, стартува десеттото коло од ПМФЛ шампионатот, со мечевите помеѓу Башкими и Шкупи, односно Тиквеш и Арсими.

Има доста голови, за македонски фудбалски прилики и тоа уште на полувреме.

Искусниот Берат Садик на два пати погоди за Тиквеш и Кавадарчани имаат предност по 45. минути од 2:0. Најпрво по одличното двојно проигрување со Миловановиќ во 38. минута Садик со одмерен удар погоди во долниот десен голманов агол.

Потоа, три минути подоцна, на центаршут на Ивановски, Садик највисок во петерецот. Со глава бие најпрво во гредата, а топката се одбива во голот на Арсими.

Од друга страна пак, во Куманово, Башкими во дуелот со Шкупи веќе има водство од 3:1. Домаќинот поведе со 2:0, чаирчани намалија, но во судиското продолжение Башкими повторно дојде до двојно водство.

 

ПретходноХакери го пробиле системот на ФИА!!!
СледноАморим: Победата над Ливерпул да се потврди со домашен триумф против Брајтон