Рафа Бенитез и официјално е нов тренер на Панатинаикос

23

Грчкиот гигант се реши за свој нов тренер да го ангажира искусниот и прославен Рафа Бенитез.

Она што се најавуваше неколку денови денеска добива на официјализација, а шпанецот го наследува Христос Контис на кормилото на клубот од Атина.

Грчките медиуми објавија дека поранешниот тренер на Ливерпул и Реал Мадрид ќе заработува 5 милиони евра годишно, што го прави најплатениот тренер во историјата на грчкото првенство. Бенитез потпиша двегодишен договор.

 

ПретходноПобедата на Шкендија ни донесе скок од четири места на УЕФА листата
СледноМакедонија У19 со пораз од Русија