Русија не победи во Струмица со 0:2

42

Македонската женска фудбалска репрезентација предмалку во Струмица го одигра првиот од двата закажани пријателски мечеви со соодветната селекција на Русија.

Нашите избранички во добра игра, и солидна борба сепак, загубија од поквалитетниот противник со 0:2.

Русинките поведоа уште во десеттата минута со голот на Јуклјаева, а мрежите мируваа се до судиското продолжение.

Тогаш по една добра акција на Русија, најпрво добро реагираше нашата голмнка, но на одбиената топка налета Залмиева и ги постави конечните 0:2.

Следниот меч се игра за три дена исто така во Струмица.

 

ПретходноАморим: Победата над Ливерпул да се потврди со домашен триумф против Брајтон
СледноАрсими со невиден пресврт во Кавадарци и триумф над Тиквеш (ВИДЕО)