Синер објасни зошто нема да настапи за Италија во Дејвис купот!

39
ФОТО:USOpen/FB

Јаник Синер деновиве е крајно непожелна личност во својата Италија откако одлучи да не игра за својата земја во завршницата од Дејвис купот. Тој ѝ донесе титули на Италија во Дејвис купот во претходните две години, „Аѕурите“ сега сакаат хет-трик, но без него ќе биде многу тешко да се направи тоа.

Токму поради тоа Синер мораше јавно да објаснува зошто нема да игра за Италија:
„Мојот тим и јас донесовме заедничка одлука. Сезоната е долга и на крајот од годината ми е потребна дополнителна недела одмор за да ги започнам подготовките за следната сезона што е можно подобро. Целта е да бидам подготвен за почетокот во Австралија“, рече Синер.
Иако рече дека ги прифаќа критиките, Синер наведе и причина што многу италијански медиуми ја сметаа за „невообичаена“.
„Во последните две години не го достигнав својот врв, бидејќи ми недостасуваше време за одмор. Затоа решив да направам пауза оваа сезона“, додаде Италијанецот.

ПретходноБилапс и Розиер излегоа со кауција, но ФБИ има сериозни обвиненија за двајцата
СледноАтекаме го спаси Милан од срам на домашен терен (ВИДЕО)