Како што дознаваме Ѓорѓи Мојсов не е веќе тренер на Тиквеш. По шокантниот пораз попладнево од Арсими во меч од 10.коло во ПМФЛ, Мојсов одлучил дека е веќе доста.
Да потсетиме дека Тиквеш имаше водство од 3:1, за да во финишот прими три гола и го загуби мечот со 3:4.
По сите овие настани попладнево, Мојсов си поднел оставка.
Да потсетиме дека оваа сезона Тиквеш тргна многу амбициозно, турскиот спонзор ветуваше големи инвестиции, а откако не испадна ништо од тоа, јасно беше дека најтешко му беше токму на Мојсов.
Инаку Мојсов ќе биде запаметен како најуспешен тренер во историјата на Тиквеш, токму тој во 2024 година му го донесе првиот пехар на клубот во Купот на Македонија и со него Тиквеш играше во Европа.
Сега останува да се види кој ќе го наследи на клупата на кавадаречкиот прволигаш.















