На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени одлуки за цена на влезници за претстојните репрезентативни натпревари:
– У.О. на ФФМ донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за пријателскиот натпревар помеѓу А репрезентациите на Македонија и Летонија. Цените на влезниците изнесуваат 300,00 и 200,00 денари за северната и јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.
Фудбалската федерација на Македонија ќе им овозможи бесплатен влез на младите фудбалери придружувани од своите тренери од Детска лига, фудбалските школи од регионалните лиги и сите млади категории (пионери, помлади пионери, кадети, младинци) во клубовите во системот на натпреварување на ФФМ.
Натпреварот Македонија – Летонија ќе се одигра на 13. ноември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
– У.О. на ФФМ донесе одлука со која се утврдуваат цените на влезниците за натпреварите на репрезентацијата до 21 година на Македонија против Шведска и Полска од квалификациите за ЕП 2027. Цена на влезница изнесува 200,00 денари.
Натпреварот Македонија – Шведска од 5. коло во групата за пласман на ЕП 2027 ќе се одигра на 13. ноември, а на 18. ноември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола гостува репрезентацијата на Полска.










