Тимот на Спартак Варна предводен од македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски продолжува да реди победи во бугарското првенство. Денеска во меч од 13 коло, Спартак славеше над Ботев Пловдив со 3-2, а еден од головите за победа беа дело и на македонскиот интернационалец Георг Стојановски.
Покрај голот во 14-тата минута, стојановски, кој инаку е внук на Ѓоко Хаџиевски, имаше и една асистенција, со што заслужи признание – Играч на натпреварот.
Спартак Варна е едно од најпријатните изненадување во шампионатот на Бугарија со моментален пласман на 6. место.










