Данило Брестовац со перфектен старт во Катар

104

Поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац има перфектен старт во новата сезона во шампионатот во Катар. Брестовац со својот тим Ал Араби после првите пет кола има исто толку победи за лидерското место во тамошниот шампионат. Ал Араби е единствен тим без пораз пред паузата.

За постетување, после минатогодишната успешна сезона, Данило Брестовац ја продолжи соработката со катарскиот тим на уште една година. Лани освои три пехари, ја освои Супер-лигата со 17 победи и само еден пораз, тоа беше прва титула за Ал Араби после 2020 година. Македонскиот тренер ги освои и Президент Купот и Голф Куп.

И оваа сезона амбициите се исти, засега Брестовац сигурно чекори кон остварување на истите.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Мега – дербито меѓу Шкендија и Вардар за Стојанче Трпчевски
СледноНејмар на раскрсница – пред него има две опции