Вест Хем претпре нов пораз. Вечерва на гостувањето против Лидс Ј. со новиот тренер Санто, „чеканите“ не не убедија дека нешто се променило. Загубија со 2:1, а Лидс ј. одигра одличен меч во кој можеше да биде и поубедлив.
Домашниот тим го реши прашањето за победникот вечерва во првите 15 минути. Лидс поведе по само три минути со голот на Американецот Брендон Аронсон, а стоперот Џо Рондон го зголеми резултатот на 2:0 по корнер во 15-тата минута.
Дури во 90-тата минута Вест Хем го ублажи поразот со голот на Матеуш Фернандеш.










