По бламажата во Португалија: Терзиќ брутално ги казни играчите на ФК Црвена Звезда!

306
ФОТО: FK Crvena Zvezda/FB

Вчера Ц. Звезда и тоа како се избламира на гости кај Брага во меч од 3.коло во Лигата на Европа. И не само поради поразот, туку поради начинот на кој „црвено – белите“ одиграа.

Четата на стратегот Владан Милојевиќ просто ја шокира јавноста во Србија, а посебно фановите на тимот кој беше проектиран да игра во Лигата на Шампионите, ама сега мора да игра во Лигата на Европа а и таму губи од кого стигне.

Оваа Ц. Звезда е катастрофа есенва во Европа.

И затоа првиот човек на клубот, барем според медиумите во Србија, Ѕвездан Терзиќ одлучил парично да ги казни играчите и тоа со по 10.000 евра.

Медиумите во Србија пренесуваат дека ова е преседан, дека одамна раководството на Ц. Звезда не се одлучила на ваков потег.

ПретходноИнтер му нуди 50 милиони евра на Реал Мадрид за играч на Комо!
СледноМЗТ Скопје лесно против Ангели за „три од три“