По малку изненадувачки, ама вистина е. Македонија ЃП добива нови газди. Имено досегашниот прв човек на клубот од Ѓорче, Имер Асан, јавно преку социјалните мрежи објави дека тој веќе не е прв човек на “Лавовите“.
Секако дека ова по малку е шок за сите во клубот со оглед на тоа дека доаѓа по малку неочекувано и ненајавено.
Реално Македонија ЃП во периодот додека Асан раководеше со клубот, “Лавовите“ прво експресно се вратија во елитата, клубот беше стаблизиран, се донесоа и неколку засилувања.
Сега како ќе се одвиваат работите, останува да се види.
Како прво треба да се види кој ќе биде новиот газда или газди во Македонија ЃП.
















