Алкалоид како „брз воз“ – Пелистер 2 немоќен во Автокоманда

36

Алкалоид запиша уште една победа во низа, вкупно седма оваа сезона во Супер-лигата, откако на домашен терен славеше против вториот тим на Пелистер со убедливи 37-25. Со новите бодови избраниците на Кирил Лазаров се зацврстија на второто место на табелата, тие заедно со Вардар се двата тима кои немаат пораз.

Победникот беше познат после првите 30 минути по кои домаќинот имаше водство од 20-11. Алкалоид мечот го отвори со 6-3, додека на другата страна гостите го имаа само почетното водство 0-1.

На стартот на второто полувреме со голот на Серафимов, Алкалоид поведе со двоцифрени 21-11 и потврди дека бодовите ќе останат во Автокоманда.

Серафимов со осум гола беше прв стрелец, зад него беше Костески со седум. На другата страна Митревски имаше седум погодоци.

За вториот тим на Пелистер ова беше шести пораз, има и две победи.

Претходно Пролет ја совлада Струга со 38-29.

ПретходноТиквеш после продолжение до победа над Чаир
Следно“Лавовите“ добиваат нови газди! (ФОТО)