Бруно: Одбив понуда од 800.000 евра неделно, сопругата е виновна за тоа!

105
фото: Premier League (X)

Бруно Фернандеш веќе шест години е во Манчестер Јунајтед. Не само што е капитен, туку важи и за најдобриот играч на гигантот од „Олд Трафорд“. Неговиот актуелен договор истекува во 2027 година, а откупната клаузу на 65 милиони евра.

Португалецот потврди дека пред неколку месеци имал фантастична понуда од Саудиска Арабија и тоа од клубот Ал Хилал, вредна неверојатни 800.000 евра.

Сепак тој ја одбил, а за тоа виновна била неговата сопруга Ана:

Првото нешто што ми го кажа беше: Дали си постигнал сè што сакаше да постигнеш тука со клубот? Таа знаеше дека не сум. Моето семејство се чувствува многу добро тука. Моите деца сакаат да одат на училиште тука, им се допаѓа начинот на живот тука, дури и времето. Сите се среќни тука, секој го најде своето место. Понекогаш велиме дека куќата што ја имаме во Манчестер е повеќе дом од онаа во Португалија и јас се чувствувам добро тука и сакам да ги остварам сите мои соништа со Јунајтед. А сопругата знае дека сè уште не сум успеал да го направам тоа.“откри Бруно.

ПретходноМанасков и покрај повикот нема да игра за Македонија
СледноПолувреме: Мајсторија на Бојку, ама Струга ТЛ – Брера е 2:3, без голови на Арената во Скопје!