Екипата на Вардар ја запиша деветата победа во Супер-лигата, откако на домашен терен го совлада Бутел Скопје со 36-30 во меч од 9-то коло. Ако се земат и двете победи во Европската лига, „црвено-црните“ на 11 меча се без пораз.
Првото полувреме беше поинтересно, иако домаќинот водеше и со четири гола разлика, сепак Бутел Скопје успеа да се врати, дури и пред одморот да поведе со 16-17. На одморот минималната позитива ја имаше Вардар 19-18.
Вториот дел „црвено-црните го добија со 17-12 за нов триумф и зацврстување на врвот.
Боно имаше седум гола, додека шест запиша Талески, Валах запиша 10 одбрани. На другата страна Михајловиќ имаше 11 погодоци.










