Виљареал ја победи Валенсија со 2-0 на гостински терен во локалното дерби кое се играше во рамките на 10-то коло од шпанската Ла Лига.
Виљареал сега има 20 бода, го зацврсти третото место и сега го чека исходот од утрешното „Ел Класико“ за да види дали ќе ги стигне Реал Мадрид, Барселона или и двете. Валенсија има девет бода и го зазема 15-то место на табелата.
Гостите поведоа во 45-тата минута, кога Морено беше прецизен од пенал, за 0:1, Комесања постигна убав гол и го постави конечниот резултат од 0:2.










