Попладнево се одиграа сите осум средби од 9.коло во ВМФЛ. Очекувани резултати, победи на водечките Брегалница и Шкендија Арачиново.
Штипските “сини“ славеа со 0:2 на гости кај Г. Коњари па така и натаму се лидери на табелата.
Шкендија Арачиново како домаќин го победи Осогово со 1:0, потешко од очекувањата, но три бода си се три бода па така овој тим држи чекор со Брегалница.
Победа и на Скопје, и тоа дома со 1:0 и тоа против Новаци. Нема што, „Пиратите“ го продолжуваат победничкиот тренд.
Ако имаше изненадување, тогаш тоа е победата на Победа од 1:2 кај Беласица. Да споменеме дека Охрид со 6:1 го декласираше составот на Саса, додека Кожуф на гости со 0:2 го победи тимот на Слога Виница. Преспа со 3:1 беше подобра од Тетекс, со истиот резултат славеше и Детонит против Вардар (Н).
РЕЗУЛТАТИ – 9.КОЛО
Беласица – Победа 1:2
Детонит – Вардар (Н) 3:1
Скопје – Новаци 1:0
Г. Коњари – Брегалница 0:2
Охрид – Саса 6:1
Преспа – Тетекс 3:1
Шкендија (А) – Осогово 1:0
Слога (В) – Кожуф 0:2










