ГРК Тиквеш според планот против Прилеп

27
Фото: ГРК Тиквеш/Фејсбук

Со дуелот меѓу ГРК Тиквеш и Прилеп се комплетираше деветото коло во Супер-лигата. Победник од оваа средба излезе домашниот тим, кој беше подобар со 24-21. Кавадарчани остануваат на седмото место на табелата со скор од четири победи и пет порази, додека Прилеп е деветти со три победи и шест порази.

Само во првите минути се играше изедначено, по што кавдарчани до првата поголема предност дојдоа во 13-та минута (7-3), на одморот беше (14-11). На средината на вториот дел Тиквеш водеше со 22-16, на другата страна гостите иако не се откажува нема сили да му парираат на противникот. На минута и пол до крајот доближија на 24-21, по што Грчевски повика тајм-аут. Резултатот остана непроменет.

Мијушковиќ беше стрелец на пет гола, Димитриоски на другата страна со осум гола беше прв стрелец на мечот, но неговите голови не беа доволни за нешто повеќе.

 

ПретходноЈунајтед одамна не изгледал вака, и Брајтон падна на „Театарот на соништата
СледноШвебе ги спасуваше „јарците“, но Борусија се спаси во 7. минута од судиското продолжение!