Лука Дончиќ влезе во историјата на НБА како единствен играч кој имал повеќе од 40 поени, 10 скока и 5 асистенции во првите два натпревари од новата сезона. Лос Анџелес Лејкерс ја совладаa Минесота Тимбервулфс со 128:110, а Лука Дончиќ повторно брилјираше. Во оваа победа, Дончиќ постигна 49 поени и шутираше 14/23 од поле, со 11 скока и 8 асистенции. Тој беше најдобар играч на натпреварот, а неговиот соиграч Остин Ривс исто така беше одличен со 25 поени, 7 скока и 11 асистенции. За гостите, Ентони Едвардс ги предводеше Тимбервулвс со 31 поен, додека Џулиус Рендл постигна 26 поени и 9 скока.
Мајами имаше импресивна победа од 146-114 над Мемфис, а Бам Адебајо постигна 24 поени, додека Никола Јовиќ додаде 20 поени. Лос Анџелес Клиперс ги победија Феникс Санс со 129-102, а Џејмс Харден ги предводеше Клиперсите со 30 поени, додека Кавај Ленард додаде 27 поени. Ивица Зубац одигра 25 минути, постигнувајќи осум поени, со пет скока и четири асистенции.
Во другите натпревари, Портланд го победи Голден Стејт со 139:119, Вашингтон славеше против Далас со 117:107, Сан Антонио го победи Њу Орлеанс со 120:116 по продолжението, а Детроит триумфираше против Хјустон со 115:111. Во дербито на Источната конференција, Њујорк Никс ги победија Бостон Селтикс со 105:95, додека Кливленд славеше во Бруклин со 131:124. Орландо загуби од Атланта со 107:111, а Торонто беше поразен од Милвоки со 116:122.
Јанис Антетокунмпо одигра фантастичен натпревар, постигнувајќи 31 поен, 20 скока и 7 асистенции, додека Брендон Инграм постигна 29 поени за домашниот тим.










