Лидерот убедлив и без Кејн да „тресе“: Кој ќе го сопре овој Баерн Минхен?!

21
ФОТО:FC Bayern München/FB

Да, има ли навистина некој да го сопре овој Баерн Минхен? Осми меч во Бундеслигата и осма победа и нова историја. Исто така за првпат во историјата на Бундеслигата, еден тим има осум врзани победи со постигнат +3 голови на секој меч.

Импресивно, нема што.

Интересно, Баерн Минхен победи со 0:3 на гости кај Менхенгладбах, но Хари Кејн не успеа да се запише во листата на стрелците.

Головите беа дело на Кимих, Гереро и Карл.

На останатите мечеви Лајпциг броеше до шест кај Аугсбург. Победа од 0:6. Едноставно „Биковите“ се разиграа сезонава. Франкфурт со 2:0 славеше против Ст.Паули. Хофенхајм со 3:1 го победи Хајденхајм, а Волфсбург како гостин со 0:1 славеше кај Хамбургер.

ПретходноУдинезе до трите бода, без голови во Парма
СледноТошевски стрелец за Дендер!