Мбапе пред „Ел Класико“: Ќе го направиме она што го очекуваат од нас – ќе победиме!

31
фото: Real Madrid C.F. (X)

Килијан Мбапе со нетрпение го очекува утрешниот дуел со Барселона во рамките на новото коло во Ла Лига. Тој зборуваше пред натпреварот против Каталонците за своите очекувања.

„Се чувствувам одлично. Секогаш сакам да му помогнам на тимот – ако е тоа со постигнување голови, нека биде така, а ако е на други начини, тоа е исто така во ред. Го следам истиот пат како и тимот. На тимот секогаш му е потребна помошта од секој играч и јас секогаш се обидувам да го правам тоа. Тимот е подготвен за сè. Овој месец е неверојатно важен за нас. Имаме голем натпревар во недела, но и остатокот од месецот е важен. Ќе го направиме она што го бара Мадрид – ќе победиме и ќе играме добро за сите мадриѓани“, рече напаѓачот на Реал Мадрид.

ПретходноДончиќ со 49 поени испиша историја, Портланд ги запре Голден Стејт
СледноМеси со два гола ја освои „златната копачка“ во МЛС (ВИДЕО)