Меси со два гола ја освои „златната копачка“ во МЛС (ВИДЕО)

23
фото: Inter Miami CF(X)

Лео Меси постигна два гола на натпреварот против Нешвил во плејофот на МЛС лигата, од кој едниот навистина раритетен – со глава. Напаѓачот на Интер Мајами постигна голови во првиот натпревар од воведното коло од плејофот во МЛС.

Во 19-тата минута, 38-годишниот Аргентинец постигна гол со глава по додавањето на Луис Суарез, а во 96-тата минута и по вторпат го матираше противничкиот голман.

Со овие два погодока, Меси стана најдобар стрелец во лигата со 29 гола.

ПретходноМбапе пред „Ел Класико“: Ќе го направиме она што го очекуваат од нас – ќе победиме!
СледноДенеска стартува новиот одбојкарски шампионат во машка конкуренција