“Многу сме јаки“: Победничко селфи на Брера од Струга!

159

Супер Брера. Струмичани денеска среде Струга ТЛ направија сензација. Го победија лидерот на табелата, тимот на Струга Л со неверојатни 2:4. Ретко кој се надеваше дека Брера ќе биде таа, и токму денеска, ќе му го нанесе првиот пораз сезонава на еден од најголемите аспиранти за титулата.

Брера си “гази“. На последните четири меча освоени се 10 бода, тимот на стратегот Алаѓозовски игра фантастично.

И кога е така, а така е, тогаш редно е и видиме едно победничко селфи на струмичани од Струга после тие 2:4.

Од Брера и дефинитивно порачуваат:

Многу сме јаки, и јаки се“!

ПретходноЧаби Алонсо: Нема да ги коментирам зборовите на Јамал
СледноТиквеш после продолжение до победа над Чаир