Наполи и Елмас го победија Интер и се искачија на врвот во Серија А!

68
Фото: Наполи Х

Наполи за кого настапува македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас на домашен терен дојде до убедлива победа против Интер од 3-1 во дербито на осмото коло во Серија А.

Шампионот на Италија пред четири дена доживеа „бродолом“ во Холандија и беше поразен од ПСВ со 6:2 во Лигата на шампионите, но вечерва покажа карактер и го победи вицешампионот на Европа и Италија, кој дојде на „Марадона“ со серија од седум победи во сите натпреварувања.

Избраниците на Антонио Конте поведоа со голот на Кевин Де Брујне во 33-та минута од белата точка. На стартот на вториот дел Мектоминеј зголеми 2-0, пет минути подоцна Чалханоглу намали на 2-1 од белата точка. Конечните 3-1 ги постави Ангиса во 66. минута.

Македонскиот репрезентивецвлезе во 82 минута на местото на Политано.

Наполи ја искористи грешката на Милан со победата и го презеде врвот на табелата со 18 бода и има бод повеќе од „росонерите“.

Што се однесува до Интер, овој тим моментално е четврти, три бода зад „наполитанците“. За Интер, ова беше нивниот прв пораз во Серија А по четири последователни победи.

ПретходноСлавен Белупо победнички, Несторовски „намести“ два гола
СледноВардар 1961 остана перфектен!