Пелистер дојде до нова победа во Супер-лигата, откако на домашен терен го победи Радовиш со 47-27 во меч од 9. коло.
Алем Хаџиќ со 11 погодоци беше прв стрелец кај победникот, зад него беше Хакбарт со осум. Кај гостите, Атанасов и Постолов постигнаа по седум гола.
Рубен Гарабаја не ги искористи сите распложливи сили како Хеидаридад, Пешевски, Хосни, Кузмановски, Тајник, Манасков, Цехте, Абутовиќ и Митревски, но тоа не беше проблем за да останатите ја завршат својата задча.
Ракометарите на Пелистер победа ја осигураа во првото полувреме, по кое веќе водеа со 22-11.










