Струга ТЛ – Брера 2:4! Каков шок за лидерот на табелата? Ретко кој можеше да претпостави дека лидерот, тимот кој досега беше без пораз, на свој терен ќе биде надигран и поразен од Брера која си гази под водство на стратегот Алаѓозовски.
Ова е веста на денот во мак – фудбалот.
И дефинитиво Струга ТЛ си има свои слабости и не е непобедлива, тоа најубаво се виде денеска во меч од 10.коло во ПМФЛ.
А дека ќе има сензација се виде уште во првите седум минути кога со головите на Наумчевски и Стојанов, гостите поведоа со 0:2. Струга ТЛ врати со голот на Зенку 11.минута, но Ндезенгуе во 20. минута повторно зголеми на +2.
Бесмир Бојку во 45.минута постигна фантастичен гол, шутот од 30 метри заврши во мрежата на гостите.
И кога се чинеше дека Струга ТЛ ќе направи пресврт во второто полувреме, реално имаше и шанси, сепак Ндзенгуе во 60.минута ги постави конечните 2:4 за Брера.
Фантастична е оваа Брера.
На вториот попладневен меч кој се одигра на Арената во Скопје, Работнички и Македонија ЃП одиграа без голови, 0:0 и си поделија по бод.
Меч кој бргу ќе се заборави. На оваа скопска пресметка како и двата тима повеќе да мислеа на својот гол отколку на противничкиот. Немаше којзнае какви шанси, се играше борбено, но сепак на крајот немаше победник.
Работнички пак не победи со што се чини е далеку од надминување на кризата.















