Победнички викенд за Рајковиќ и Јакимовски

51
Фото: Тренто

Емил Рајковиќ и неговиот Тофаш им се вратија на победите во турскиот шампионат. Тимот на македонскиот стратег на домашен терен дојде до убедлива победа против Бујукчекме од 91-70 во меч од петтото коло. Скорот на Рајковиќ е три победи и два порази.

Победа запиша и Андреј Јакимовски. Тренто за кого настапува македонскиот репрезенттивец славеше на гостински терен кaј Варезе со 74-85 во четвртото коло во Лега А. За Тренто ова беше трет триумф, има и еден пораз и засега се наоѓа на второто место на табелата.

Јакимовски во игра мина 24 минути за кои постигн три поени, зад своето име додаде и пет скока.

ПретходноШишкарев ги посети „црвено-црните“ и порача: Вардар ми е во срцето! 
СледноРед Бул призна дека „претерал“ со саботажата на Норис