Завршија првите полувремиња од двете попладневни средби од 10.коло во ПМФЛ.
Шок за Струга ТЛ, тимот на Брера има водство од 2:3. Интересно е тоа што веќе во седмата минута струмичани имаа водство од 0:2. Зенку намали на 1:2 во 11.минута, но Ндзенгуе постигна гол за 1:3 во 20.минута.
Во 45.минута Бесмир Бојку од околу 30 метри постигна фантастичен гол за 2:3.
Струга ТЛ ја има иницијативата, има и шанси, ама пеколни се контрите на Брера.
Да посочиме дека Струга ТЛ е лидер на табелата и засега е без пораз.
На Арената во Скопје, во градската пресметка меѓу Работнички и Македонија ЃП, нема голови.















