Почина битолската кошаркарска легенда Зоран Петковски

94
ФОТО: KK Pelister/FB

Ужасна вест од Битола. На само 47 години, почина Зоран Петковски, битолската кошаркарска легенда. Покрај Пелистер, каде и ги направи првите кошаркарски чекори, Петковски настапуваше и за екипите на Куманово, МЗТ Скопје, Вардар…

КК Пелистер ја потврди ужасната вест за Петковски:

Ин Мемориам – Зоран Петковски (1978 – 2025)

Со голема тага ја примивме вест за прераната смрт на Зоран Петковски, битолската кошаркарска легенда и човекот кој во животот направи многу за КК Пелистер.

Петковски своите кошаркарски почетоци ги имаше токму во зелено-белиот дрес, беше и младински репрезентативец на Македонија во одличната генерација предводена од Митко Луковски, а потоа во кариерата ги бранеше и боите на Куманово, Вардар, МЗТ Скопје, Соколи, повторно Пелистер,па Радовиш….

Очекувано, кога ја почна тренерската кариера тој седна на клупата на КК Пелистер, тим со кој обезбеди влез во елитното друштво. Пред неколку години тој беше и дел од управата на „пелистерци“.

Битола загуби спортска легенда,

Сочувство до семејството

ПретходноПо големиот кикс: МЗТ Скопје службено го загуби дуелот со Ангели!
СледноУдинезе до трите бода, без голови во Парма