Работнички нема избор, Македонија ЃП сака три бода на Арената

40

Денеска на програмата се уште два меча од 10. коло во ПМФЛ.  Меѓу поинтересните дуели може да се нотира оној кој што денеска ќе се одигра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје, со почеток од 14:30 часот. Домаќинот Работнички ќе го пречека тимот на Македонија ЃП. Гостите во Градски парк пристигнуваат по киксот во Куп пресметката против Струга Трим Лум.

„Мечот против Струга во Купот можам да го опишам во само два збора дека тоа беше само еден лош ден. Нема што тука премногу да се коментира. Вртиме нов лист, време е за меч против Работнички. Тим кој што гарантирам дека има далеку подобра екипа од она што во моментов тоа местото на табелата го покажува. На Арената секој сака да игра. Убав терен, услови како што секој посакува. Три бода мислам дека се логичен исход за нас. Не би бил искрен ако кажам дека ќе сум задоволен со помалку верувајте. Само треба да ги исполниме зададените задачи, да одиграме на нивото кое што и тоа како знаеме да го постигнеме. Да наметнеме наша игра, и мислам дека се ќе биде во ред. Со три бода да се вратиме среќни во Ѓорче Петров и да продолжиме понатаму во шампионатот“ – изјави Али Адем, првотимецот на ѓорчепетровци.

Работнички во овој меч влегува со скромни пет бода по првите девет кола. Надежите се дека ќе следува многу подобар период во кој клубот од Дебар Маало ќе успее да освои многу поголем број поени во првенствените битки.

„Работнички нема друг избор, мора да почне да победува. Навистина потфрливме на стартот од првенството и паузата од тој аспект можеби беше и добредојдена за нас. Да се реорганизираме, да се подготвиме подобро и да тргнеме со нови сили – да остваруваме победи. Македонија ЃП е квалитетен тим, ги респектираме, но мотивирани сме максимално да излеземе на терен и да стигнеме до трите бода“, вели Михаил Димитриевски, дефанзивецот на Работнички.

ПретходноКолос под обрачите: Вембањама му залепи три „банани“ во една минута (ВИДЕО)
СледноМладост УГД го отвори колото со победа, шампионот гостин во Кичево