Ако на домашна сцена Ц. Звезда нема конкуренција, тогаш во Европа не одат каико што треба работите. Фановите се разочарани, раководството на клубот ги казни играчите со по 10.000 евра, а интересно беше што ќе се случува со тренерот Владан Милојевиќ.
Разочарувањата започнаа со елиминацијата од кипарски Пафос во плејофот од квалификациите за Лигата на шампионите, па Звезда се пресели во Лигата на Европа, каде по три кола има освоено само еден бод. Посебно боли бламажата кај Брага.
Ако може да се каже дека Звезда немаше среќа во натпреварите против Селтик и Порто, против Брага одиграа натпревар под сите очекувања и заслужено беа поразени со 2:0.
Денеска дел од медиумите во Србија пренесуваат дека дека челниците на клубот му дале целосна поддршка на шефот на тренерскиот штаб Владан Милојевиќ.
Значи, барем засега, нема да има никакви промени на клупата на српскиот шампион.










