Ред Бул призна дека „претерал“ со саботажата на Норис

39

Ред Бул призна дека ситуацијата со обидот за отстранување на лентата што ја користел Ландо Норис „излегла од контрола“ и отишла чекор предалеку.

Сè се случи за време на викендот на Големата награда на САД, кога член на тимот на Ред Бул влезе на стартната линија откако веќе започна загревачкиот круг.

Целта била да се отстрани лентата поставена на пит-ѕидот, која Норис ја користел како визуелен репер за позиционирање на својот болид на гридот.

ФИА реагираше брзо и го казни Ред Бул со 50.000 евра, од кои половината е условна – под услов ваков инцидент да не се повтори.

Шефот на тимот, Лоран Мекис, призна дека ривалството со Мекларен во последно време донело и „игри“ што ја преминале границата на спортскиот дух.

„Мислам дека меѓу тимовите веќе неколку трки има малку глупави игри и тоа веројатно отиде предалеку“, изјави Мекис за Sky Sports F1.
„Во иднина сè ќе биде повеќе под контрола.“

Интересно е што ова не е првпат Ред Бул да се обиде да влијае на стартната постапка на Норис.

Иако правилникот не го забранува користењето или отстранувањето на лентата на пит-ѕидот, ФИА реши да реагира затоа што инцидентот вклучуваше влегување на членови на персоналот на гридот по започнувањето на формацискиот круг.

Ландо Норис, кој во Остин заврши на второто место зад Макс Верстапен, ја доживеа целата ситуација прилично опуштено.

ПретходноПобеднички викенд за Рајковиќ и Јакимовски
СледноВиљареал продолжи да ги следи Реал и Барса