Илија Несторовски и неговиот тим Славен Белупо ја запишаа петтата победа во хрватскиот шампионат откако на гостински терен кај Вараждин славеа со 1-3 во меч од 11-то коло.
Македонскиот фудбалер се најде во стартниот состав, а во игра мина 78 минути. Несторовски беше асистент на два гола, во 24-та минута го проигра Шуто за 0-1, додека во второто полувреме го пронајде Југушиќ за 1-3.
Славен Белупо има скор од пет победи, реми и пет порази, со 16 бода исто колку и Локомотива е на четвртото место на табелата.










